NATUR PRODUKT PHARMA Аскорвита Макс витамин Ц 1000 мг, 30 таблети
Опис на производот
Ascorvita Max Vitamin C 1000 мг - Диететски производ, храна за посебни медицински намени
- Витамин Ц 1000 мг
- Витамин Д 50 мкг (2000 ИЕ)
- Цинк 10 мг
Таблета со модифициран систем на ослободување
Производот Аскорвита Мекс е храна за посебни медицински намени со витамин Ц и Д и цинк, наменета за потребите на исхрана кај лица со ослабен имунитет и одржување на здравјето и функцијата на имунолошкиот систем, мускулите, коските и зглобовите за диететско регулирање ка лица со остеопенија, остеопороза, автоимуни, кардиоваскуларни, малигни болести и други состојби и болести кај кои е неопходен надомест на витамин Д.
Пакување: 30 обложени таблети.
Содржина
Состојки: Л-аскорбинска киселина, микрокристална целулоза (средство за зголемување на волумен), хидроксипропил-метилцелулоза (згуснувач), холекалциферол, цинк-оксид, магнезиум стеарат (средство против згрутчување), рибофлавин (боја).
Состав на активни состојки во 1 таблета:
%НРВ* | 100 г | ||
Витамин Ц (Л-аскорбинска киселина) | 1000 мг | 1250% | 72,2 г |
Витамин Д (холекалциферол) | 50 мкг | 1000% | 3,6 мг |
Цинк | 10 мг | 100% | 721,5 мг |
НРВ-нутритивна референтна вредност (препорачан дневен внес)
Нутритивни вредности во 1 таблета: енергија 2,5 kJ/6 ксal, масти (вкупно) <0,01 г, од кои
заситени масни киселини < 0,01 г јагленохидрати (вкупно) <0,01 г, од кои шекери < 0,01 г. диетни влакна 0,28 г, протеини и сол < 0,01 г.
Таблета со модифициран систем на ослободување -MRS™ - овозможува отпуштање на витаминот Ц во тек на подолго време. Таблетите се состојат од два слоја - Првиот слој обезбедува брзо ослободување на витамин Ц а вториот слој постепено ослободување. Концентрацијата на витаминот Ц во организмот останува стабилна повеќе часа.
Употреба: Возрасни и стари лица да испијат 1 таблете на ден, со доволно вода.
Напомена: Производот мора да се користи под медицински надзор. Производот е нутритивно непотполна намирница и не е погодна за употреба како единствен извор на храна за лицете за кој е наменет. Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Производот не треба да го земаат лица преосетливи на некоја од состојките. Производот не е наменет за бремени жени, доилки и лица помлади од 18 години. Не се препорачува кај лице со хиперкалцемиja и хиперпартиреодизам. Мерки на претпазливост и совет со лекар се потребни кај лица кои користат тиазиди, кардиотонични гликозиди, рифампицин, изониазид, фенитоин барбитурати. Истовремена употреба на кортикостероиди и Аскорвита Макс може да го намали дејството на кортикостероидите. Производот не е наменет за парентерална употреба. Диететска храна за посебни медицински намени не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Прекумерната употреба може да предизвика несакани ефекти и треба да се побара консултација со лекар. Производот треба да се употребува под надзор од лекар.
Начин на чување: Да се чува во оригиналното пакување, заштитено од светлост и влага, на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца.