JGL Мералис 0,1% спреј со пумпа за распрскување, 10 мл
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2020-11/MERALYS-0%2C1%25-Sprej-za-NOS-1000x1000-px_1.jpg?h=fbf7a813&itok=jJrwP5Aj)
Опис на производот
Синергија на море и лек. Содржи деконгестив ксилометазолин и изотонична, прочистена и стерилна морска вода од Јадранско Море. Морската вода ја намалува сувоста на носната слузница.
Спрејот се употребува при лекување на болести на носот - го намалува отокот на слузницата и ги ублажува симптомите на настинка, кај зголемена секреција на носот и кај алергиски ринитис.
Ја олеснува секрецијата од носот во случај на воспаление на носните шуплини (синуси) и кај воспаление на средното уво.
Пакување: 10 мл
Содржина
Употреба: спрејот е наменет за возрасни и деца постари од 12 години по едно прскање во секоја носница до 3 пати дневно. Делува до 10 часа и овозможува мирен сон. Не содржи конзерванс!