IPSEN Смекта, 10 кесички

IPSEN PHARMA SMECTA smekta
IPSEN Смекта, 10 кесички
239,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
007093C
favorite_border

Опис на производот

Смекта (фармакотерапевтска група: останати интестинални адсорбенси) ги отстранува симптомите на дијареа (пролив), и болката поврзана со заболување на хранопроводот, желудникот и цревата.

  • Кај новороденчиња и деца под 2 години не треба да се употребува СМЕКТА
  • Овој лек содржи активна супстанца: Дисомектит
  • Диосмектит претставува прочистена природна глина што ја обложува дигестивната мукоза

Лекот е индициран за третман на:

  • Акутна дијареа кај деца над 2 години, во комбинација со перорална рехидратација и кај возрасни
  • Хронична дијареа (долготрајна дијареа) кај возрасни
  • Болка поврзана со функционални заболувања на цревата кај возрасни

Пакување: 10 еднодозни кесички по 3.76 г прашок за перорална суспензија

Производител: Beaufour Ipsen Industrie Rue Ethe Virton 28100 Dreux- Франција.

Содржина

Состав: 1 кесисичка од 3.76 г содржи диосмектит 3 г.

Помошни супстанции: глукоза монохидрат, сахарин натриум, арома на портокал*, арома на ванила**

*Состав на портокал арома: малтодекстрин, сахароза, арапска гума (E414), моно- и диацетил тартаратни естри на моно- и диглицериди на масни киселини (E472e), силициум диоксид (E551), арома на портокал.

**Состав на ванила арома: малтодекстрин, сахароза, глицерил триацетат (E1518), силициум диоксид (E551), етил алкохол, соја лецитин (E322), арома на ванила.

Овој лек содржи гликоза и сахароза. Ако Вашиот лекар Ве информирал дека сте нетолерантни за одредени шеќери, контактирајте го Вашиот лекар пред да го земете овој лек.

Смекта содржи 0,679 г гликоза во една кесичка.
Овој лек содржи мали количини на етанол (алкохол) помалку од 100 мг во дневна доза.

Употреба: Секогаш земајте го лекот точно според инструкциите во ова упатство или согласно насоките од Вашиот лекар или фармацевт. Ако не сте сигурни проверете со Вашиот лекар или фармацевт.

  • Кај деца над 2 години СМЕКТА треба да се употреби само за третман на акутна дијареа (најмногу 7 дена), истовремено со рана администрација на раствор за перорална рехидратација (ORS). Треба да се избегнува хронична употреба на СМЕКТА. Лекувањето не треба да трае подолго од 7 дена.
  • Кај возрасни не се препорачува продолжена или повторена употреба на СМЕКТА без совет од лекар

Третман на акутна дијареа:

  • Кај деца над 2 години: 4 ќесички дневно во тек на 3 дена, потоа 2 ќесички дневно во тек на 4 дена
  • Кај возрасни: просечно се користат 3 кесички дневно 7 дена. Во пракса, дозата може да се дуплира на почетокот на терапијата..

Третман при останати индикации:

  • Кај возрасни: просечно се користат 3 кесички дневно

Подготовка: Содржината на кесичката се меша во течност за да се приготви суспензија непосредно пред употреба.

  • Кај деца: содржината на кесичката може да се измеша во шише со 50 мл вода што треба да се даде на неколку пати во текот на денот, или да се измеша со полутечна храна како што се каша, компот, пире, бебешка храна итн.
  • Кај возрасни: содржината на кесичката може да се измеша во половина чаша со вода

Дополнителни диететски мерки
Овој третман е придружен со диететси мерки:

  • Рехидратација со пиење изобилство солени или слатки течности за да се компензира загубата на течност поради дијареа (за возрасен, просечен дневен внес на вода е 2 литри)
  • Продолжете со исхрана и за време на дијареа, со исклучување на одредени видови на храна, особено свеж зеленчук и овошје, зелен зеленчук, зачинети јадења, како и замрзнати пијалаци или храна
  • Се препорачува печено месо и ориз

Предупредувања и мерки на претпазливост: Земање премногу СМЕКТА може да предизвика опстипација, што вообичаено исчезнува кога дозата ќе се намали или ќе се прекине третманот. Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Не земајте дупла доза за да ја надокнадите заборавената доза. Не употребувајте СМЕКТА ако сте алергични на диосмектит или било која од состојките содржани во овој лек. Не се препорачува за време на бременост и доење. Ако сте бремени или доите или мислите дека можеби сте бремени или планирате бременост, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да го употребувате овој лек. Овој лек може да ја намали апсорпцијата на други лекови кои се земаат истовремено. Поради тоа, не треба да се земаат истовремено други лекови. СМЕКТА треба да земате најмалку два часа пред или по било кој друг лек, ако е можно. Кажете му на Вашиот лекар или фармацевт ако земате, неодамна сте земале или може да земате други лекови. Да се чува вон дофат и видокруг на деца! 

Разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да употребите СМЕКТА:

  • Ако Вашиот лекар Ве информирал дека сте нетолеранти на одреден(и) шеќер(и). Овој лек содржи два шеќера (гликоза и сахароза). Неговата употреба не се препорачува кај пациенти со нетолеранција кон фруктоза, синдром на мала апсорпција на гликоза или галактоза или недостаток на сахараза/изомалтаза (ретки наследни болести)
  • Ако имате историја на тешка опстипација
  • Во случај на акутна дијареа, ако симптомите не се подобрат или се влошат по 3 дена од третманот
  • Ако вашата дигестивна болка е поврзана со треска или повраќање.
 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се