DR. BACHEFF Пробронхи капки 10 мл
Опис на производот
Пробронхи е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др.) Носители на фармакодинамското дејство на пробронхи се прополисот и жалфијата.
Индикации:
Акутни и хронични заболувања на горни респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата и болки при никнување на заби.
Придобивки:
- Има пријатен мирис и вкус, лесно го отстранува непријатниот мирис од устата, не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистетност на бактериите
- Ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на Candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка апликација при потешки болни состојби
Пакување: 10 мл
Содржина
Состав: 20% прополис во разреден алкохол, етерични масла на: тими 0,2 г, жалфија 0,1 г, нане 0,6 г, феникули 0,4 г, анис 0,1 г, ментол 0,3 г во 100 мл.
Употреба: максимална доза е до 30 капки, три до четири пати на ден, половина час пред јадење.
Предупредување: Препаратот на ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат. Да не се надминуваат препорачаните дози.