BECUTAN Шампон и пенливо срeдство за капење 2 во 1 со масло од лаванда, 200 мл
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2020-11/BECUTAN%202762%20DETSKI%20LAVANDA%202vo1%20%7Bampon%20i%20kupka%20200%20ml%20%28KALK%29.jpg?h=fbf7a813&itok=KpM8HtaH)
Опис на производот
Комбинацијата на состојки што го сочинува овој производ овозможува двојно дејство за нега и хигиена на детската кожа и коса. Една од главните состојки е маслото од лаванда. Етеричното масло од лаванда содржи активни ароматични компоненти кои го прават ова масло од непроценлива вредност за одржување на здравјето, убавината и добрата состојба на организмот. Бенефитите од неговата употреба се далеку познати и со долгогодишна традиција.
Маслото од лаванда длабински и нежно ја чисти и негува нежната детска коса правејќи ја мека, сјајна и лесна за расчешлување. Дополнително овој производ содржи регенератор кој го надополнува ова дејство. Карактеристичниот релаксирачки мирис на маслото го прави овој производ да биде особено погоден за вечерното капење и добар сон. Исто така благопријатно делува и ја негува чувствителната детска кожа. Збогатен е и со Д-пантенол, состојка која учествува во процесот на регулирање на влажноста на косата и кожата.
Пакување: 200 мл.
Содржина
- Не содржи парфем
- Не содржи боја
- Не содржи парабени
- Производот е дерматолошки тестиран
- Збогатен со Д-пантенол