BAYER Аспирин комплекс 500 мг/30 мг, 10 кесички
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2021-03/ASPIRIN-COMPLEX-500-mg-30-mg-10-ednodozni-kesicki-h-2%2C78-g-kutija-%28granuli-za-peroralna-suspenzija%29.jpg?h=fbf7a813&itok=OBz0p0ha)
Опис на производот
Аспирин комплекс има аналгетски, анти-инфламаторни, анти-пиретични и назално-деконгестивни својства.
Се користи за симптоматско лекување на назална/синусна конгестија (риносинузитис) со болки и зголемена телесна температура, при настинка и симптоми на грип.
Доколку имате само еден од симптомите наведени погоре, може да биде посоодветно да земете лек.
Пакување: 10 кесички
Содржина
Употреба:
Возрасни: 1-2 кесички до 6 кесички вкупна дневна доза. Доколку е неопходно, поединечните дози може да се земаат во интервали од 4 до 8 часа. Вкупната дневна доза не треба да надмине 6 кесички.
Истурете ја содржината на една или две кесички Аспирин Комплекс во чаша вода и добро промешајте. Веднаш испијте ја целата содржина во чашата.
Напомена: гранулите не се раствораат целосно.
Не го земајте овој лек повеќе од 3 дена, без да разговарате со Вашиот лекар.
Употреба кај деца и адолесценти:
Не давајте Аспирин комплекс на деца и адолесценти помали од 16 години, освен по совет на лекар.
Лекот да се чува на места недостапни за деца!