VITALIA Вита зачин, 200 г
Опис на производот
Вита зачинот на Виталиа е 100% природен производ со вистинско богатство на сецкан сушен зеленчук, застапен дури до 25% и тоа целер, пашканат, кромид, морков, лук, бибер и соини трошки. Вита зачинот е без додаток на вештачки бои и не содржи натриум глутаминат.
Добро избалансираните состојки во Вита зачинот освен што ја подобруваат аромата и вкусот на храната, го стимулираат и излачувањето на соковите и ензимите со што се подобрува дигестијата, се намалува надуеноста и појавата на гасови при варење на храната.
Најважно од се е што Вита зачинот на Виталиа не содржи натриум глутаминат (Е621), често применуван вештачки појачувач на вкусот. Аромата и вкусот на Вита зачинот потекнува од богатата содржина на зеленчук.
Вита зачинот на Виталиа е производ со врвен квалитет и извонреден вкус, погоден за зачинување на сите јадења, како за возрасни така и за деца.
Нето-тежина: 200 г.
Содржина
Состав: готварска сол, сушен зеленчук (пашканат, кромид, лук, морков, магдонос), пченкарен гриз, соини трошки, пченкарно брашно, кафеав шеќер, бибер и витамин B2).