VITALIA Сушена брусница, 100 г
Опис на производот
Сушен и засладен бобинкаст плод со оригинална арома и киселкаст вкус. Изобилува со антиоксиданси, органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3), витамин Ц и многу други минерали (K, Ca, Mg). Содржи и многу фитоматерии и омега 3 масни киселини.
Бобинкастите плодови се широко употребувани и предизвикуваат големо внимание поради нивните докажани корисни здравствени својства. Токму затоа, брусницата е одличен избор за оние кои се грижат за своето здравје. Има антигабично и антивоспалително дејство. Се употребува за подобрување на имунитетот, при разни заболувања на урогениталниот тракт, заштита од срцеви заболувања, рак и останати болести.
Нето-тежина: 100 г.
Содржина
Состав: брусница, шеќер, сончогледово масло.
Алергени: може да содржи траги од глутен, јаткасто овошје и соја.