VITALIA Премиум протеински бар со вкус на карамела, 45 г
Опис на производот
Vitalia Premium Whey Bar Protein 35% - Премиум протеински бар со вкус на карамела
- Совршена комбинација на вкус и нутритивност наменет за фитнес ентузијасти и за постигнување на врвни перформанси
- Без додаден шеќер
- Со засладувач
- Збогатен со магнезиум
- Со високо количество на растителни влакна
- 35% протеин
- Комбинација на три премиум протеини: млечен протеин, протеин сурутка изолат и колаген
- WPI 95% + MPI + Колаген
Оваа моќна комбинација обезбедува внес на 35% протеин и целосен аминокиселински состав кој ќе помогне во градење на мускулна маса, брзо опоравување по вежбање и регенерација на мускулното влакно.
Консумацијата на протеинските барови е веќе неизбежен тренд во здравата исхрана, особено меѓу фитнес ентузијастите и луѓето што сакаат да живеат здраво. Со брзиот животен стил и потребата за практични оброци, протеинските барови нудат идеално решение за задоволување на потребите за протеини, без внес на додадени шеќери. Нашиот протеински бар со двојно чоколадо ги задоволува сите овие барања, спојувајќи извонреден вкус, хранливост и квалитет.
Пакување: 45 г.
Содржина
Состав: засладувач: сорбитол, млечен протеин 17% (калциум казеинат), прелив од бел крем 15% (засладувач: малтитол, обрано млеко во прав, палмино масло, емулгатор: соја лецитин, арома), путер од кикирики(кикирики, сол), екструдиран протеин од соја, протеин сурутка изолат, олигофруктозен сируп, растително масло (канола масло), екструдирани житарици (оризов гриз, пченичен гриз, пченкарен гриз, емулгатор: моно и диглицериди на масни киселини), хидролизиран говедски колаген 3%, растителни влакна, тримагнезиум дицитрат, готварска сол, арома.
Содржи глутен, соја, кикирики и млеко.
Може да содржи трагови од јаткасто овошје и сусам.
Прекумерна употреба може да предизвика лаксативен ефект.
Нутритивна вредност во 100 г: Енергетска вредност 2112.6 kJ/ 503 kcal, масти 15.0 г од кои заситени 8.3 г, јаглехидрати 36.0 г од кои шеќери 4.4 г, од кои полиоли 30.0 г, влакна 6.0 г, протеини 35.0 г, сол 0.73 г, магнезиум 130 мг (35% од дневно препорачан внес кај возрасна личност (8400 kJ/2000 kcal)).
Да се чува на суво и ладно место, на температура од 15-20°C.
Консумирајте како протеинска ужинка или меѓуоброк во било кој дел од денот.