PHARMAS Диарино ОРС Буларди, 5 кесички x 6.25 г
Опис на производот
Diarino ORS Boulardii е наменет за диететско регулирање на состојби со слаба до умерена акутна дијареа и поврќање.
Секоја кесичка се состои од два различни дела, меѓусебно споени. Содржи орална рехидрациска сол, која го надополнува губитокот на електролити и вода.
Пакување: 5 кесички x 6.25 г
Содржина
Состав: орална рехидрациска сол.
Останати состојки: гликоза, натриум цитрат, натриум хлорид, лиофилизирана култура на квасец Saccharomyces cerevisiae var boulardii I-3799, калиум хлорид, лимонска киселина, арома на портокал, арома на лимон, засладувач: сукралоза.
Дозирање: содржината од двата дела на една кесичка (означени како Diarino Boulardii и Diarino ORS) се истура во 250 мл провриена и оладена вода на собна температура, добро да се промеша додека не се раствори, и да се пие во мали голтки во тек на 6 часа ако се чува во ладилник, или во тек на 3 часа ако се чува на собна температура.
Возрасни и деца постари од 1 година: 1 кесичка дневно.