GOOD NATURE Сладок корен, 100 г
Опис на производот
Слаткиот корен (Glycyrrhiza glabra L.) е билка што расте во медитеранскиот регион (Шпанија, Италија, Франција) и на Балканскиот Полуостров, но се одгледува и во многу други земји. Билката има карактеристични сино-виолетови цветови, но од неа се користи коренот. Исушениот корен содржи глициризин, супстанција која е дури 50-пати послатка од обичниот шеќер. Поради тоа и чајната напивка од овој корен има пријатен, сладок вкус.
Луѓето кои страдаат од хипертензија треба да избегнуваат прекумерна консумација.
Нето-тежина: 100 г.
Содржина
Приготвување: една рамна мала лажичка од содржината на производот се прелева со 150 мл свежо зовриена вода и се остава да отстои 10-15 минути во покриен сад. Повремено се промешува, па се процедува.
Чајот се пие свежо приготвен и незасладен, не повеќе од 2-пати на ден.
По еден месец се препорачува пауза од две недели пред повторно користење на производот.