GOOD NATURE Хибискус филтер чај, 20 кесички
Опис на производот
Замислете го раскошниот цвет на хибискусот преточен во шолја чај Good Nature. Богат со витамини Ц и А, со свеж мирис и со освежително-киселкав вкус, кој ги разбиструва сите ваши сетила.
Потекнува од африканскиот континент, каде што листовите од растението се користат како додаток за овошни салати и за пити. Секогаш свежо приготвен, препорачуваме да се пие како топол или ладен пијалак. Исклучителната свежина на чајот од цветот на хибискус ќе ве држи будни во текот на целиот ден, секој ден во годината.
Нето-тежина: 20 х 1.5 г.
Содржина
Состав: цвет од хибискус 100%.
Начин на употреба: една филтер кесичка се прелева со 150 мл зовриена вода и се остава да отстои 10 минути. Готовиот чај се засладува по желба.