ESENSA Expulmo Лунац сируп со бел слез и витамин Ц, 150 мл
Опис на производот
Лунац содржи екстракт од корен на бел слез, богат со слузи, кои благопријатно делуваат на устата, грлото и гласните жици.
Придонесува во одржување на здравјето на грлото и респираторниот тракт.
Камилицата помага во заштита и одржување на здравјето на слузокожата на горните дишни патишта, додека природниот витаминот Ц од плодот на шипка, придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
Пакување: 150 мл
Содржина
Состав:
- Мацерат од корен на бел слез
- Тинктура од цвет на камилица
- Течен екстракт од плод на шипка
Употреба:
- Возрасни и деца постари од 12 години: 3 пати на ден по 15 мл
- Деца од 6-12 години: 3 пати на ден по 10 мл
- Деца од 3-6 години: 3 пати на ден по 5 мл
- Деца до 3 години: само во консултација со лекар
Сирупот користете го 5-7 дена.
Предупредување: препаратот не се препорачува кај лица чувствителни на состојките од билките од фамилијата Asteraceae, како и за трудници и доилки.