COREGA Bio Таблети за чистење протези, 30 таблети
Опис на производот
Таблети Corega Bio Formula наменети за секојдневно чистење на протези.
- Тројна свежина со вкус на ментол
- Ги убиваат 99.9% од бактериите кои предизвикуваат непријатен здив
- Погодни за парцијални и тотални протези
Протезите за заби не се како природните заби и токму затоа имаат потреба од специјална, секојдневна нега.
Corega 4 во 1 системот за чистење содржи 4 состојки за чистење кои делуваат заедно и помагаат во
одржување на чистотата на протезите. Ги убиваат 99.9 % од бактериите кои предизвикуваат непријатен здив* и помагаат во отстранување на забните наслаги и дамки** за почисти и свежи протези за заби. Сето ова уште од првата употреба, сите состојки се нежни и не ја оштетуваат Вашата протеза за заби.
*во лабораториски тестирања
**во случај кога се употребува според упатството
Пакување: 30 таблети.
Содржина
Состав: Sodium Bicarbonate, Citric Acid, Potassium Caroate (Potassium Monopersulfate), Sodium Carbonate, Sodium Carbonate Peroxide, TAED, Sodium Benzoate, PEG-180, Sodium Lauryl Sulfate, VPAA Copolymer, Aroma, Subtilisin, Cellulose Gum, Sodium Nitrite, CI 42090, CI 73015.
Содржи масло од мента, субтилисин. Може да предизвика алергиска реакција.
Предупредување: Предизвикува сериозна иритација на очите. По употребата, темелно измијте ги рацете.
Ако дојде во контакт со очите: Исплакнете ги очите внимателно со вода неколку минути. Извадете ги контактните леќи доколку ги носите и доколку лесно можете да ги извадите. Продолжете со испирањето. Доколку иритацијата на очите продолжи побарајте совет од лекар.
Чувајте го вон дофат на деца и оние кои евентуално би ја голтнале таблетата или растворот ненамерно.
Во случај на голтање: обратете се на токсикологија или во службата за Итна медицинска помош. Ако се појави иритација: престанете со употребата и консултирајте се со лекар. Да се чува на суво место.
Внимание: Не ги ставајте во уста таблетите или растворот за чистење. Не го пијте растворот и не го користете како вода за плакнење.
По употреба на растворот избегнувајте контакт со уста или очи. Да не се употребува во случај на пречувствителност на некоја од состојките.