AQUA MARIS Classic Спреј за нос, 30 мл
![Aqua Maris Nasal Spray Sprej za nos](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2020-11/Aqua-Maris-Sprej-za-NOS-30-ML-CLASSIC-1000x1000-px.jpg?h=fbf7a813&itok=c5WfWtm8)
Опис на производот
Прочистена, изотонична морска вода од Јадранско море со природни минерали наменета за секојдневна хигиена на носот кај деца, возрасни, бремени жени и доилки.
- Ја чисти и навлажнува слузницата на носот
Пакување: 30 мл.
Содржина
За одржување на секојдневна хигиена на носот, се прска 1-2 пати во секоја носница, неколку пати на ден. Може да се користи долг временски период.
За сува и иритирана слузница на носот предизвикана од престој во затворен простор, климатизиран или загреан, за измивање на прашина, бактерии и вируси, се прска 3-4 пати во секоја носница, а по потреба и почесто.
Особено се препорачува за измивање на носот кај деца по враќање од градинка, училиште, односно при изложеност на аерозагадување.