ALKALOID Бронлес директ, 15 еднодозни кесички
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2020-12/ALKALOID_Bronles-direct.jpg?h=fbf7a813&itok=gDGJV384)
Опис на производот
Бронлес ДИРЕКТ припаѓа на групата лекови наречени муколитици. Тој ја намалува лепливоста и густината на слузта, така што го олеснува нејзиното искашлување.
Индикации:
- Заболувања на респираторниот систем кои се придружени со обилна и вискозна слуз (бронхитис, туберкулоза на белите дробови комплицирана со бронхитис, цистична фиброза, задржување на бронхијалната слуз, бронхопулмонални компликации по операција)
- Воспаление на средно уво, воспаление на синуси
- Во дијагностички цели, како средство за подготовка на болните за бронхоскопија, бронхографија и за бронхоаспирација
Пакување: 15 еднодозни кесички со 10 мл раствор
Содржина
Состав: carbocisteine 750 мг/10 мл
Дозирање: Вообичаена доза е 750 мг трипати дневно (три кесички дневно). Терапијата со Бронлес ДИРЕКТ не треба да трае подолго од 5 дена.
Мислења на потрошувачи
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се
/ Најави се